Банер
Банер
Банер
Банер
Крапски риболов на пониски температури
31 октомври 2009, 15:05

СИРОМАШНИ БОЈЛИ
Одамна е докажано дека крапот во зима побавно ја вари храната, поточно кога температувата на водата ќе падне под 10°C. Но, кога станува збор за бојлите, односно нивниот состав се уште има недоумици. Едни сметаат дека бојлите во зима мора да бидат богати и да содржат многу хранливи состојки, додека други пак го мислат спротивното, дека мораат да бидат што е можно посиромашни.
Најновите искуства, тестови и анализи на експерти за ловење на крап покажуваат дека во зима успорениот метаболизам на крапот не може доволно да ја свари високо протеинска храна, бидејќи енергијата која мора да ја вложи е поголема од онаа која таа храна му ја дава. Затоа, во зима треба да се елиминираат животински и рибји протеини и да се користат само раастителни. Наведениот рецепт за мешавина може да послужи како база за правење бојли кои може да ги користите во текот на целата зима.
- 100 г пченично брашно
- 100 г скроб
- 150 г гриз
- 150 г пченичен никулец (диететски производ)

КРАП СО „ДИРЕКТ“ СТАП
За риболов на крап со директ стап е потребно пред се да се користи посебен стап, бидеќи се работи за ловење на риба со просечна тежина од 5 до 10 килограми. Првите модели на овој нов вид стапови се појавија на пазарот пред неколку години, а сите се карактеризираат со со голема сила и цврстина. Можеме да ги наведеме следните стапови: SPARKLING од марката Гарболино, SYNTEC ALLROUND од марката Browning и најновиот модел на марката Мавер STRONG ARM

За да се избегне оштетување, или кршење на стапот за време на борбата со крапот, потребно е со помош на Стонфо копча*, или некој друг систем да се постави во внатрешноста на стапот (низ поседните 3, или 4 дела) гумичка од најмалку 2мм размер, која низ деловите на стапот најлесно може да се провлече со помош на метална жица. Гумичката потоа се блокира и се прави обичен јазол кој се зацврстува со една капка квалитетно лепило.

Што се однесува до системот, важно е да биде доволно долг за да овозможи следење на движењето на крапот: наведнувајќи го стапот на лево, или десно, во зависност од насоката која рибата ја зема, можно е да ја наведете да почне да се врти во круг и на тој начин да и пружите голем отпор што ќе ја измори.
Што се однесува до елементите на системот, користете усукан конец со должина од 7 до 8 метри, и размер од 0,14 до 0,16 мм, која од едната страна се прикачува на Стонфо копчата на врвот на стапот, а на другиот крај се врзува вртилица со копче. На вртилицата се се прикачува предвез од конец долг 50 см и размер од 0,28 до 0,30 мм, кој носи јадица со јамка број 6

РЕЦЕПТ ЗА ХРАНА
Освен бојлите и разновидните семиња, за примамување на крапот можат да се користат и смеси за примамување составени од различни брашна. На пазарот постојат повеќе готови мешавини спремни за употреба, но можете и сами да ги изработите и во тој случај совршено да ги прилагодите на видот на водата, видот на дното и останатите специфични услови за рибарење. Еве еден едноставен рецепт кој дава добри резултати во најголем број ситуации:
- 3 дози лебни трошки (од кора и средина на лебот)
- 2 дози пченкарно брашно
- 1 доза смеса за пире (инстант пире)
- 1 доза брашно од костени
- 1 доза измелени кикирики
- 1 доза измелен коноп
- 1 доза варена пченка

Ако дното е солидно, потребно е да се додадат 3 дози земја.
Во реки со воден проток од умерена брзина додајте 2 дози ПВ1.
Во реки со многу силни струи, додајте 1 доза глина.
Во секој случај, во припремената смеса додајте неколку раце пченка која ќе послужи за мамење.

БИСТРО.


Стонфо копча*; се состои од два дела, Служи да се блокира гумичката од двете страни на стапот, а претходно се провлекува низ еден (најлесто последниот дел или врвот) или повеќе делови на директ стапот

Коментари

avatar darko BIK stip
0
 
 
moze li da se objave nesto novo ! za reki kako da se love zimno vreme na sto ke ima najveke ulov a primer za klenot kako se lovi zimno vreme na sto najveke napaga. pozzz i so BISTRA
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar ZOKI
0
 
 
MILO MI E STO JA IMA OVAJA RECEPTA NEKA IMA I POVEKE DA NAUCIME I NIE POCETNICITE KAKO SE PRAVAT BOJLITE
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar ZOKI
0
 
 
KAJ DA KUPAM POLZAVI VODNI ILI SKOLKI ILI RAKCINJA ZA PRIHRANA ZA KRAPCINJA
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar ZOKI
0
 
 
ZOKI POMOGNETE NA POCETNIK ZA POLZAVCINJA ILI RAKCINJA ILI SKOLKI ILI NESTO PRIRODNO ZA PRIHRANA ZA KRAPCINJA 2617604 070617604 BLAGODAREN KE SUM VI
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер