5 февруари 2010, 15:25

Колку е голем интересот за релните шоуа во кои се гости познати личности најдобро говори податокот дека и другите популарни личности кои не учествуваат во шоуто со интерес го гледаат.
Така Сека Алексиќ и Цеца Ражњатовиќ редовно го следат шоуто, но и го коментираат на своите Фејсбук профили. - Лепа Лукиќ е ѕвезда која трае 50 години. Единствена ВИП персона во куќата на Големиот брат. Навивам за неа и за Шваба. Шваба е феноменален – ги открила Цеца своите фаворити. Кога го прочитала овој статус, свој коментар додала и Сека Алексиќ. - Овој Боки е стварно гаден. На што тој човек личи? Ни маж, ни жена, што е тој во суштина? Фујјј....Ќе се упукам кој е се ВИП во Србија. Во право си Мацо, Лепа е таму единствена ѕвезда. Госпоѓа Мама прасица само ждере како правосмукалка, јаде жената се што ќе стигне! Ужас еден за гледање!!!!! - Напишала Сека, не сакајќи да се осврне на однесувањето на својот поранешен дечко Младен Радуловиќ. Со оглед на тоа дека пријателите на Сека претпоставиле дека „прасица“ се однесува на Дивна Карлеуша, затоа што баш неа Боки ја вика „мамо“, медиумите од Србија побарале од Сека коментар а оваа изјава. Но од ПР на пеачката рекле дека таа од поодамна нема профил на Фејсбук, иако нејзините пријатели го тврдат спротивното. Од друга страна, Јелена Карлеуша рекла дека секој се однесува според домашното воспитување, потеклото и образованието. - Секако, секој има право на сопствено мислење, како и на лечење во некоја од психијатриските установи, - рекла Јелена.
|
Коментари