Банер
Банер
Банер
Банер
Кралот на месото побудалел по српска пеачка

7 февруари 2010, 20:55

Како што јавуваат српските медиуми, пребогатиот сопственик на месната индустрија Лијановиќ, Стипе Лијановиќ, воодушевен од српската пеачка Миа Борисављевиќ, секојдневно и праќал подароци и ја следел на концерти.


 Миа Борисављевиќ

Српските медиуми претходно веќе го поврзувале оженетиот 'хрватски крал на местото', со српските фолк пеачки: Ана Николиќ, Даниела Враниќ и Ирина. Сега на ред дошла атрактивната Миа Борисављевиќ.

'Стипе е таен обожавател на Миа. Во желба да ја освои и праќа скапи подароци, цвеќе и шампањско', открил за српскиот Пресс извор близок до Лијановиќ. Но, тоа не било се.


Миа Борисављевиќ

Изворот понатаму тврдел пред една недела Лијановиќ и пратил на Миа букет со 101 роза со порака: Постојат 101 причина да се сретнеме, а само неколку дена подоцна Стипе ја повторил процедурата уште два пати. Со четвртиот букет стигнал и скап подарок.

'Во петокот Миа ја дочекало ново изненадување - букет со 201 рози и прстен вреден неколку илјади евра. Во желбата да и ја покаже својата наклонетост, Стипе го ангажирал Џеј Рамадановски да и го предаде прстенот, а во текот на нејзиниот настап на сцената стигнале и неколку шишиња од скапоцениот шампањ Кристал', изјавил за Пресс изворот близок на Лијановиќ.

Стипе е роден во Широки Бријег, БиХ, а се женел два пати.


Стипе Лијановиќ

Приказната со Миа изгледа допрва ќе се развива, со оглед на тоа што изворот

на Пресс не знаел да каже како Миа реагира на сето ова.

Коментари

Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер