|
7 февруари 2010, 21:45 Бразилските власти бесплатно ќе поделат 59 милиони кондоми за време на славниот карневал, во рамки на кампањата против СИДА-та која е насочена кон жените и младите хомосексуалци кои се најголема жртва на пандемијата, соопштило бразилското Министерство за здравство.
'Најголемиот број заразени лица на возраст меѓу 13 и 19 години се жените, а кај мажите помеѓу 13 и 24 години болеста главнио се пренесува меѓу хомесексуалците', додава Министерството.
Најславниот карневал во Бразил, земја со 190 милиони жители, е тој во Рио каде на 14 и 15 февруари ќе се одржи смотра на дванаесетте најголеми школи на самба.
Се проценува дека во Бразил 630.000 се заразени со ХИВ. Секоја година во просек заболуваат околу 35.000 лица и во последните осум години тој број е константен.
|
Коментари
p.s. Izvinete mnogu sum zafaten denovive ali ke ima komentari ne ocajuvajte pozdrav do site moi obozavateli.
ODI MOCAJ I SPIJ ZA DA PORASNES!!