|
8 февруари 2010, 00:02 Жителите на Косово плаќаат и по 5.000 евра за добивање биометриски српски пасош со кој можат без виза да патуваат во земјите на ЕУ, пренесува приштинскиот весник на албански јазик Коха Диторе.
Според весникот, жителите на Косово мораат при тоа да го одјават своето косовско живеалиште и да побараат адреса на живеење во Србија.
Агим Рама (22) роден во Приштина, еден е од тие кои чекаат српски пасош. Правото за добивање пасош Рама го стекнал откако станал жител на Бујановац, од каде е неговата вереница. Процедурата ја почнал во март 2009 година, поднесувајќи барање да стане жител на Грачаница. Кога таа можност ја добил, поднел барање за државјанство и извод од матичната книга на родени во Србија. Потоа заминал за Бујановац и ја започнал процедурата за да стане жител на таа општина, што му успеало блгодарение на вереницата. За документите што ги поднел во Бујановац платил 55 евра, но додал и дека знае многу Албанци кои плаќаат повеќе.
Слично било и во Прешево каде веќе постоеле посредници за добивање пасош. 'Ни еден Албанец не може да добие српски пасош ако претходно не се одјави од Косово за да стане српски граѓанин', рекол посредникот.
|
Коментари
NIVNI PROBLEM ...:)