Банер
Банер
Банер
Банер
Во кризата Германците штедат на јадење

8 февруари 2010, 20:43

Германците заради кризата најмногу штедат на храна и на посети на рестораните, произлегува од истражувањето на Друштвото за истражување на пазарот од Нирнберг.


Берлин

Од 10.200 потрошувачи опфатени со истражувањето, 48 отсто од нив изјавиле дека против кризата се борат со повнимателно избирање на продуктите за исхрана и со купување на поефтина храна и пијалоци, пренесуваат хрватските медиуми.

Истиот процент на испитани Германци заради кризата поретко посетуваат ресторани, а 40 отсто од нив поретко одат во кафулиња, кина или театри. Поголемите трошоци поврзани со купување бела техника или нов автомобил, Германците го одложуваат за подобри времиња.

Истовремено, бројот на лица подготвени да штедат на енергија е многу мал. Така, само 15 отсто испитаници се подготвени да штедат на греење и да го ограничат користењето на автомобилот.

Кризата ќе се одрази и на користењето годишни одмори. Третина од Германците ќе користат поефтини туристички аранжмани, Што оди во прилог на домашниот туризам, но и на туризмот на околните земји до кои може да се стигне со сопствен автомобил.

Слични резултати покажале и истражувањата во останатите европски земји како Австрија, Франција и Велика Британија.

Но, не е така и во Полска и Шпанија, каде штедењето како средство за борба против кризата не игра преголема улога. За Полска тоа можеби и е сфатливо, зашто таа е единствена европска земја која не западна во рецесија, но Шпанија е веројатно во најголемата економска криза во последните децении, така што поинаквиот однос на Шпанците кон кризата може да се објасни единствено со медитеранскиот темперамент.

Коментари

avatar Kristina
0
 
 
Germancite ne znaat sto e toa stedenje,vo Makedonija da dojdat pa da vidat kako se stedi
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar ...
0
 
 
sakate da mi kazete deka nema da potrosat 1% odn NBD za gradenje na spomenici?!!!!
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер