|
8 февруари 2010, 21:45 Со ждрепка во Осло е решено во првиот дел од првата полуфинална вечер на Евросонгот во Осло да настапат претставниците на Србија, Финска, Русија, Словачка, БиХ, Молдавија, Летонија и Естонија.
Македонија ќе настапи во вториот дел од првата полуфинална вечер, покрај претставниците на Грција, Исланд, Малта, Португалија, Белорусија, Белгија, Полска и Албанија.
Втората полуфинална вечер на 27 мај, во првиот дел ќе настапат Швајцарија, Литванија, Шведска, Украина, Данска, Азербејџан, Израел и Ерменија. Во вториот дел на истата вечер ќе пеат музичарите од Грузија, Турција, Ирска, Словенија, Холандија, Бугарија, Хрватска, Кипар и Романија.
Точниот редослед за настапот на секој од 34-те земји во двете полуфинални вечери ќе се знаат на 22 март.
Со вчерашниот ждреб одлучено е во кое полуфинале ќе гласаат земјите од т.н. голема четворка, чии претставници ќе настапат во финалето, па така Германија и Шпанија ќе гласаат во првото полуфинале, а Норвешка, В. Британија и Франција во втората полуфинална вечер.
|
Коментари
pozdrav od M.... kamen Tvrd K.. ofofoffo