Хорор филмот „Paranornal activity“ имал толкаво влијание врз едно 14-годишно девојче, што истото од страв буквално се парализирало. Американските медиуми пренесуваат дека младата италијанка минатата недела е доведена во болница во неподвижна состојба, а нејзиниот случај не е осамен, затоа што службите за итна помош низ светот поради овој филм имаат полни раце работа. „PAranormal activity“ е нискобуџетен хорор филм снимен со помалку од 15.000 долари, но постигна голем успех и досега има заработено 65.000.000 долари По премиерното прикажување во Италија минатиот викенд многу гледачи се обратиле за стручна помош поради напади на паника. Од таа причина на јавноста и се обрати и италијанскиот министер за одбрана Ла Руса. „Во последните 2 недели на ТВ се прикажува трејлер за тој филм и илјадници деца кои го виделе останале уплашени“ - рекол Ла Руса и додал: „Го забележав тоа затоа што мојот син после гледањето на трјлерот дојде до мене и рече: „Тато, се плашам“
Коментари
bucebbb
0
зато деца нетреба да гледаат хорор ание се смееме на предупредувањата на тв кога пишува до 14 год,
Коментари