|
|
|
Камерун го исфрли Борат од доделувањето на оскарите |
|
4 март 2010, 14:00
Британскиот комичар Саша Барон Коен сепак нема да биде еден од водителите на доделувањето на оскарот. Продуцентот на шоуто одлучил да го исфрли од програмата настапот на Коен, така да тој нема да се појави на сцената како еден од помошните водители. Како можна причина за откажувањето на настапот на британскиот глумец се наведува стравот на организаторите дека неговиот настап може да го навреди режисерот на филмот „Аватар“ Џемс Камерун. Комичарот сакал да се појави на сцената маскиран како На’ви, женското суштество со сина боја од филмот „Аватар“ и да каже дека носи бебе од Камерун. „Дојде до креативно разминување“, рекол Мет Лабов, претставникот за печат на Коен. Саша Барон стана познат со своите три алтер ега, Али Џи, Борат и Бруно, но изгледа исмејувањето на Камерун, чиј филм е номиниран за 9 оскари, е премногу за американските продуценти. Шоуто на доделувањето ќе го водат Алек Болдвин и Стив Мартин.
|
|
|
Коментари