Капитенот на Ливерпул Стивен Жерар бил уапсен поради тепачка во Мерсисајд. Тепачката се случила во близина на Ливерпул, неколку часа откако Ливерпул го победил Њукасл со 5-1 во текот на Англиската премиер лига, каде што Жерар дал два гола.
Триесетичетири годишен маж бил однесен во болница со повреди на лицето и е вон животна опасност. Шест луѓе биле обвинети за нападот, меѓу кои и Жерар. Но, портпаролот на фудбалскиот клуб Ливерпул одбил да потврди, но и да негира дека Жерар бил учесник во тепачката.
Мината година Жерар потпиша договор за до 2011 година, а во октомври 2008 го постигна својот 100ти гол за Ливерпул. Оженет е со моделот и колумнист Алекс Каран со која имаат две ќерки
|
Коментари